Шефот на ,,Преспа Институт” бара да не се тера мајтап со министерката за одбрана

Извршниот директор на ,,Преспа институтот” кој има за цел да спроведува и следи спроведување на проекти поврзани на договорот со Грција се обидува да ја одбрани министерката за одбрана Славјанка Петровска која стана предмет на шега во јавноста откако и се закани на Русија дека и Македонија размислува да се вклучи во војната во Украина.



Андреа Стојковски кој е некогашен член на ДА на Васил Тупурковски а сега дел од структури блиски на екипата на Зоран Заев и СДСМ смета дека никој не треба да ја исмејува Петровска која како министерка за одбрана морала да биде солидарна со НАТО.

,,Кога сте членка на сојуз како @NATO, тогаш од вас се очекува да бидете солидарни со останатите членови. Кога вас ќе ви биде тешко, од нив ќе се очекува да бидат солидарни со вас и да ви помогнат.

П.С. Не се исмевајте ниту со армијата, ниту со министерката”, пишува Стојковски.