Шефот на МОК злоупотреби официјален профил за лична пресметка со ,,министерот за одбрана”

Шефот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски го злоупотребИЛ официјален Фејсбук профил на комитетот за лична пресметка со Борко Ристовски.



Откако со денови тече конфликтот со прославениот ,,министер за одбрана” а МОК завчера го суспендираше Ристовски цели четири години Даниел Димевски денеска почна да се пресметува преку комитетот иако се работи за негов личен однос со ракометниот голман.

Димевски на профилот на МОК поставил прашалник со повеќе прашања кој сака да го дискредитира својот непријател.

На статусот има назнака ,,личен став” на Даниел Димевски но тоа сепак е злоупотреба на МОК за приватни кавги.

Димевски го обвинува Ристовски за политички релации но не споменува дека на позицијата претседател на МОК дојде од кабинетот на Зоран Заев каде беше советник по што потоа му даваше награда на струмичанецот за засега непознати заслуги.

Прашалникот на Димевски