Клиниката за ортопедија која е дел од ТОАРИЛУЦ остана без раководител, откако шефот на болницата, доц. д-р Виктор Камнар утрово си поднел оставка на функцијата, јавува „Сител“.
Според изворите на телевизијата, д-р Камнар оставката ја поднел поради лични причини.
Кој ќе го наследи Камнар на позицијата засега не е познато.





