Шефот на Дојче Банк предупредува – Не брзајте со нови санкции за Русија

Шефот на најголемата германска финансиска институција „Дојче банк“, Кристијан Зевинг, предупреди на последиците во случајот на суспензијата на гасоводот „Северен тек 1“ и апелираше да не се брза со воведувањето нови санкции против Русија бидејќи имаат негативно влијание врз оние кои ги наметнуваат.



„Доколку го прекинеме „Северен тек 1“, тоа не би значело прекин на испораките на руски гас за Германија, но наскоро ќе доведе до сериозни проблеми со снабдувањето со енергија и значително зголемување на цените во нашата земја“, изјави Зевинг за западните медиуми.