Првиот човек на бугарскиот културен центар во Битола кој го носи името на фашистичкиот соработник „Ванчо Михајлов“ во интервју за бугарската БТВ го коментира вчерашниот пожар.
Претседателот на клубот тврди дека на камерите кои ги има полицијата се гледа пироманот како доаѓа и со бензин го пали влезот на клубот.
„На камерите се гледа дека пожарот е подметнат. Доаѓа лице со бензин и ја пали вратата. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица кои спречија поголема трагедија. Тука до нас има станбена зграда и католичка црква“, вели за БТВ Љупчо Ѓоргиевски – претседател на бугарскиот културен центар во Битола.
„Нормално е човек да се плаши, но тоа не значи дека ќе престанеме со работа. Напротив, ќе видиме уште поголеми Ванчо Михајловисти, поголеми Бугари и ќе се бориме за идејата Македонија-Швајцарија на Балканот, каде и Бугарите ќе ги добијат своите права во државата“, вели Ѓоргиевски во интервјуто за БТВ.






