Шефот на Борисов: Ако ги признаеме Македонците колку Бугари ќе останат, ќе пропадне Бугарија

Сведок на средбата меѓу југословенската премиерка Милка Планинц и претседателот на Бугарија Тодор Живков во далечната 1982 година, пренесува изјава на тогашниот шеф на бугарската држава која ја открива тајната и на актуелната политика на владата во Сирија.



Новинарот и директор на МТВ Слободан Трајковски изворно како сведок по 38 години го споделува тоа што го чул и видел од човекот кој што му бил најголем авторитет на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов.

_________________

Што вели Слободан Трајковски за средбата која можеби дава објаснување и за актуелното вето на Бугарија за Македонија во ЕУ.

Сведоштво:

“Во 1982 година премиер на СФРЈ беше цврстата жена Милка Планинц. Беше јавено дека ке ја посети Бугарија и од ЈРТ бев одреден со мојата тв екипа ,да го водам Пулот (заедничкиот сервис) за сите југословенски ТВ станици.

Отпатувавме за Софија,ја пречекавме Планинц со делегацијата на аеродромот и потоа известував за нејзината средба со тогашниот бугарски Премиер, со кого претежно се разговараше за економската соработка.

Утредента, заедно со Планинц одлетавме за Варна, каде што во неговата летна резиденција во Евсиновград, ја чекаше Претседателот на Бугарија и на партијата, Тодор Живков.

Стасавме и од аеродромот веднаш тргнавме за Евсиноград. Ни дозволија да влеземе во резиденцијата и да снимаме 2 минути.

Милка Планинц влезе прва со делегацијата и се избаци со Живков.

Потоа,седнаа…

Планинц уште неседната му рече на Живков: “Дошла сам, друже Живков да вас питам засто не признајете идентитет, државу и језик Македонаца”?

(Ова е снимано и е во архивите на МРТ. Ако не е избришано или затурено).

Живков се почеша по ќелавата глава и со познатиот лукав израз на лицето рече:

“Како да признаеме. Во Бугарија има стотина илјади Помаци, милион ипол Турци, 2 милиони Македонци. Има и Власи и Роми. Колку Бугари ке останат?

Нема политичар во Бугарија кој може да го направи тоа, оти ке пропадне Бугарија”, констатираше Живков.

Потоа не отстранија од просторијата.

Ова можеби мораше да остане тајна, на сто сум се обврзал, но, проценив дека сега е вистинското време да го споделам со јавноста” , пишува еден од ретките сведоци од средбата меѓу Планинц и Живков која дава објаснување за маките што македонската нација ги има со Бугарија и сите нивни власти, партии, црковни фактори низ историјата.

Бугарскиот премиер Борисов кој му бил телохранител на Тодор Живков пред неколку години изјави дека тој во животот имал два универзитети, односно дека животното и политичко образование го добил од двајца луѓе.

Едниот е Тодор Живков а другиот царот Симеон Саксобурготски кому му беше најблизок безбедносен соработник.

Поврзана вест

Коронакис: Без надеж за ЕУ Македонија ќе се дели меѓу Бугарија, Албанија, Србија и Грција

Долг е дострелот на македонските зраци

Сонцето од Кутлеш се вее во еден од најубавите светски национални паркови (ФОТО)