Фантастични 8 години минале од 1993 кога претседателката на Судскиот совет Весна Дамева завршила средно образование се до 2002 година кога дипломирала.
Иако Дамева Правниот факултет во Скопје во Скопје требало да го заврши за 4 години или евентуално 5 ако не била баш добра студентка, ако се запишала веднаш по средното образование, студирала цели 8 години односно време кое што е потребно за да се завршат два факултети.
Практично Дамева која сега е ,,Алфа и Омега” која раководи со оценување сите судии во земјава, за секоја учебна година од студиите потрошила по две години.
Тоа според професори кои инсистираат на анонимност ја става меѓу најлошите студенти во историјата на Правниот факултет во Скопје и со Катица Јанева убедливо најлошата студентка која станал шефица на врвна правосудна институција.
Соочена со фотографија на која се гледа на партиски настан на СДСМ Дамева стави крст на тезата на власта дека во правосудството се избираат најдобри кадри според Мерит системот.
Паранормални моќи: Што по ѓаволите кажа шефицата на Судскиот совет од СДСМ (ВИДЕО)






