Шефицата на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска цел месец игнорира претставка за обвинител чиј осомничен избегал од притвор.
Претставката до Советот на Јавни обвинители е испратена на седми декември минатата година а Димитриеска се уште ова прашање на го поставила како тема на разговор на советот иакон од тогаш се случиле два состаници, едниот на 22 Декември а другиот вчера.
Претставката која според извори на експрес е полна со непобитни факти за неправилности на обвинител од Скопското јавно обвинителство ја испратил Виш јавен обвинител кој во неа навел сериозни причини зошто треба да се преземат мерки против скопскиот обвинител кој беше дел од СЈО.
Во меѓувреме обвинет за тешко кривично дело кој бил предходно гонет од обвинителот против кој е поднесена претставката избега од куќен притвор.
Иако на 22 декември таа најавила дека за претставката ќе се зборува на некоја од следните седници ниту тоа не било доволно претседателката на Советот да ја стави претставката на расправа.
Според информациите од обвинителството специјалните односи меѓу обвинителот и обвинетиот кој подоцна избега се случиле за време на случајот Титаник 3 каде функционери на ДУИ беа обвинети за изборен криминал.
Вчера на оваа тема која според извори во Јавното Обвинителство требало да остане скриена од јавноста прашања постави и новинарот Горан Момироски.
,,Да може некој новинар на седница на Советот на јавни обвинители да ја праша претседателката дали со своите колеги ја споделила претставката од Виш јавен обвинител за сериозни пропусти направени обвинител од скопското основно јавно обвинителство.
Во претставката се зборува за ,,специјално” однесувањето на обвинителот Т.П. кон обвинетото лице И.Г. кое пред една недела избега од домашен притвор а се гони за сериозно кривично дело.
Според моите информации претставката е поднесена уште на почетокот на Декември. Би било добро да знаеме зошто првата дама на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска досега не ја ставила претставката за расправа кога обвинетиот кој имал специјални односи со споменатиот обвинител е избеган”, пишува Момироски.






