Шефицата на Претставничкиот дом Ненси Пелоси најави повлекување

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси најави дека ќе се повлече од лидерската функција, пренесува Си-Ен-Ен.
Таа ги водеше демократите во Домот две децении, градејќи наследство како една од највлијателните и најполаризираните фигури во американската политика.



Пелоси, првата и единствена жена спикер, најави дека ќе продолжи да служи во Претставничкиот дом, давајќи ѝ можност на идната генерација да ги води демократите, кои догодина ќе бидат малцинство и покрај подобрите од очекуваните резултати на среднорочните избори.

„Нема да барам реизбор во раководството на Демократската партија на следниот Конгрес. За мене, дојде време новата генерација да ја предводи Демократската партија која толку длабоко ја почитувам и благодарна сум што толку многу луѓе се подготвени и сакаат да ја преземат оваа голема одговорност“, рече Пелоси.

Пелоси ги пофали законодавните достигнувања на партијата под нејзино водство.

Нејзината изјава доаѓа откако демократите го загубија мнозинството во Долниот (претставничкиот) дом, но ја задржаа контролата врз Сенатот во средните мандати во 2022 година, спречувајќи потенцијално поголем „црвен бран“.