Шефицата на германската дипломатија торпедирана во Скопје со мисла од германски великан

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во Собранието во обид да го убеди ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се промени уставот користеше стихови од македонскиот поет Анте Поповски но беше дочекана и со стихови на големиот германски поет Гете.



,,Попладнево во Собранието на Република Македонија, како членка на комисијата за надворешна политика, се сретнавме со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, г-ѓа Аналена Бербок.
На средбата ја изразив загриженоста на македонските граѓани за непочитувањето на Копенхашките критериуми за прием во Европската унија, како и за непринципиелниот однос на нашиот Источен сосед во поглед на мешањето во суверенитет на македонската држава.

Ја потсетив министерката на еден од моите омилени цитати на големиот Гете: “Има само две трајни наследства кои што можеме да се надеваме дека ќе им ги дадеме на нашите деца. Едниот од нив е корен, другиот крилја”, објави професорката и пратеничка Иванка Василевска.

Во собранието Бербок беше дочекана и со контра стихови од Анте Поповски.

Германско – македонска војна со стихови во собранието за Бугари во уставот