Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел не присуствува на денешниот состанок на ОБСЕ, на кој присуствува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Таа синоќа го напуштила Скопје, јавува БГНЕС.
Бугарија не дозволи прелетување на авионот на рускиот прв дипломат, бидејќи во него била и портпаролката на руското МНР Марија Захарова, која е под европски санкции.
Поради тоа, авионот со руската делегација бил принуден да лета кон Македонија преку турскиот и грчкиот воздушен простор..
Како одговор на забраната, Москва ја обвини Бугарија за злоба и глупост „на некој шегаџија во структурите на моќ“.
Блинкен, Камерон и Борел избегнаа средба со Лавров
Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, го бојкотираа и прибалтичките држави Естонија, Летонија и Литванија…







