Шеф на важна безбедносна служба обвинет дека барал мито за дипломатски безбедносни сертификати

Извори кои сакаат да останат анонимни, до нас доставија информација за директорот на ДБКИ (Дирекција за Безбедност на Класифицирани Информации), односно за г – динот Стојан Славески (кадар на ЛДП).



Ова денеска го обелодени полковникот Драган Ковачки сега член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој открива дека против директорот вече се води истрага.

,,Имено, против директорот имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати.

Јавно го прашувам премиерот Ковачевски чијшто подреден е директорот на ДБКИ, дали знае дека против г-динот Стојан Славески е поведена постапка за утврдување на негова кривична одговорност и дали и на колку лица им е земено мито за испраќање во мисија и издавање на безбедносни сертификати?

Доколку знае, што преземал до сега и зошто досега не е разрешен Директорот на ДБКИ?

Ковачевски, има ли дел од системот што со алчноста на Вашите кадри и со Вашата неспособност не го разрушивте?”, прашува Ковачки.

До вечерва владата не одговорила на прашањето од Ковачки.