А што ако овие што се бунтуваат против хидроцентралите се незнајно поттикнувани од конкурентските производители на струја? Да речеме увозниците на гас, нафта или јаглен!?
Ова прашање го поставува шефот на кабинет на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и внук на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска кој на тој начин го објаснува една од можните причини за протестот на невладини организации против одлуката на владата за градба на мали хидроцентрали.
Според Никола Наумовски кој беше дел од таканаречените “Паркобрани” кои се бореа против сеча на дрвја во Скопје постои можност невладините организации кои се бунат против малите хидроцентрали да добиваат пари од нафтениот, гасниот и други бизниси од чии ресурси се произведува електрична енергија.
А што ако овие што се бунтуваат против хидроцентралите се незнајно поттикнувани од конкурентските производители на струја? Да речеме увозниците на гас, нафта или јаглен!?
— Nikola Naumeaux (@NikolaNaumeaux) February 16, 2021
Најгласна против одлуката на СДСМ да гради хидроцентрали контра својата програма е невладината Еко-Свест.
На вчерашната прес конференција @Zoran_Zaev изјави дека малите хидроцентрали се најеколошки од сите други еколошки извори на енергија.
A Програмата на Владата вели:
Воведуваме забрана за изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови. pic.twitter.com/CzHhvulqBn— Ana Colovic 🐼 (@AnaColovic_) February 11, 2021






