Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја поддржува испораката на тенкови во Украина и смета дека тоа треба да се направи под итно.
„Јас лично го поддржувам снабдувањето со тенкови за Украина“, рече тој за време на неговиот говор во Европскиот парламент.
Мишел увери дека Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно.
Ќе продолжиме да ја даваме нашата воена помош благодарение на проширувањето на Европскиот механизам за поддршка на мирот, посочи тој.
Неодамна нашироко се дискутираше за испраќање тенкови во Украина. Велика Британија ја повика Германија да обезбеди испорака на своите тенкови Леопард, а другите земји потврдија дека ќе испратат и свои тенкови во обид да го поддржат Киев.
Лондон во саботата потврди дека ќе испрати 14 од своите главни борбени тенкови Челинџер 2 во Киев, како и друга напредна артилерија во наредните недели. Полска ќе испрати тенкови Леопард.
Досега ниту една земја не испорача тенкови од западно производство на Украина.







