Една од главните ликови на ,,Шарената револуција” која го инсталираше Зоран Заев и на власт ја отвори душата и објави зошто сега пет години откако СДСМ владее со Македонија ја мрази Македонија.
Активистката Ирена Цветковиќ која беше радикална кога се уриваше ВМРО-ДПМНЕ а за власта на СДСМ речиси молчи во колумна за Призма индиректно открива во кои области во Макеоднија состојбата е влошена или останала на исто ниво во петгодишното владеење на СДСМ.
Цветковиќ ниту излегува на улица во знак на протест како во Шарената револуција ниту најавува уличен притисок врз владата на СДСМ.
,,Ја мразам својата земја секогаш кога одам на лекар
Одењето на лекар е нешто што секој од нас го направил барем еднаш во својот живот. Седиме во чекалници, ги гледаме измачените тела кои со саати понизно седат на неудобните столчиња и со очите го следат секое движење на медицинскиот персонал во надеж дека можеби ете баш сега тие ќе нѐ погледнат и ќе ни се обратат со некаква информација. Се молиме да го начекаме докторот или докторката во добро расположение зашто од тоа ни зависи здравјето и животот.
Ја мразам својата земја кога сум болна зашто се плашам за себе и за своите најблиски. Ја мразам затоа што имаме пократок животен век од европскиот просек, затоа што имаме руиниран здравствен систем, затоа што во болничките ходници престануваме да бидеме луѓе и стануваме непоканети гости што ги нервираат вработените.
Ја мразам својата земја секогаш кога имам некаков правен проблем
Последната декада во нашата земја прашањето за судството претставува клучно политичко прашање. Па, сепак, за правда и судство зборуваме само поврзано со големите случаи на корупција. Не велам дека тоа не е важно, но кој се занимава со „малите“ правни проблеми на обичните луѓе? Ја мразам земјата кога комшијата ќе ми го загради патот до куќата и заради неговите врски со „луѓето од горе“ ќе ме присили да влегувам дома низ помошно скаличе. Го мразам системот во кој владее принципот „од горе е така кажано“. Кој би ја сакал земјата во која се чувствува апсолутно правно небезбеден, во која владее правилото на посилниот, во која секој кој има „некој свој битен“ ќе си обезбеди терен да прави што сака на сметка на другите.
Ја мразам својата земја секогаш кога имам контакт со полиција
Полицијата е тука кога треба да ме казни ако сум направила грешка. И тоа е во ред. Но, колкумина имаат искуство во кое полицијата им вратила украден велосипед, решила случај на ограбување на станот, ги заштитила кога се нападнати или оштетени. Ја мразам полицијата затоа што кога ќе видам полициски службеник, не се чувствувам безбедно, иако тоа е целата поента на овој орган. Ја мразам земјата во која полицијата казнува сиромашни, а штити богати.
Ја мразам својата земја кога воздухот е загаден, а почвата отровна
Често патувам низ Македонија. Луѓето се уникатно забавни, а природата волшебна. Многупати сме слушнале дека некој не ја сака државата или власта, но ги сака природата, планините, езерата. Е па, и тоа веќе е изгубено. Можеш ли да уживаш гледајќи го просторот испоганет, реките загадени, а воздухот отровен?
Ја мразам земјата во која луѓето се нееднакви
Не можам да се радувам и да го почитувам заедништвото кога некои луѓе се „поеднакви“ од некои други”, пишува Цветковиќ која пишува зошто ја мрази својата земја но не објавува зошто не реагира со протести пред катастрофите кои и се случуваат и во време на СДСМ.
Најнова вест
За прв пат руски државен новинар се спротивстави на нуклеарното лудило
Кремљ со ужасни закани: уништување на Берлин за 106, Париз за 200, Лондон за 206 секунди (ВИДЕО)






