“Шарена активистка”: Се посраа на надежите за понормална Македонија

Активистката на Шарената револуција Јана Јакимовска разочарана од однесувањата на власта.



Им се извинува на сите што ги убедувала да се приклучат во борбата против ВМРО.

“Оние кои ветуваа дека ќе ја донесат таа промена во наше име, денес се посраа на сè што ветија. За жал, се посраа и на моите надежи за понормална Македонија. Се посраа и на сето направено досега, и на заложбите на илјадници луѓе во текот на оваа деценија.

Чувствувам потреба да им се извинам на сите оние кои ги осудував зашто не се интересирале за политика – во ваква жабокречина од држава, веројатно само така можеш да останеш нормален”, пишува Јакимовска за окно.мк.

Ниту таа ниту други разочарани активисти на Шарената револуција кои своето разочарување од власта го објавуваат на социјалните мрежи, не најавуваат учество на нови протести.

Фото Небојша Гелевски

Цел текст на окно.мк