Член на шарената револуција кој сеуште цврсто ги брани политиките на премиерот Заев јавно му се заканил на новинарот на Алфа ТВ и колумнист на expres.mk Горан Момировски дека “ќе го нема”.
Заканата е упатена преку Фејсбук откако Момировски коментирал:
“По датум за датум во ЕУ добивме покана за покана во НАТО, следно е да добиеме референдум за референдум за името”.
На овој статус лицето Ѓоко Трајковски кој на социјалните мрежи е познат како промотор на Израелските политики на Блискиот Исток напишал:
“Следно е ДА ВЕ НЕМА пошто сте странски интереси”, што претставува јасна и јавна закана против новинар за која треба да реагираат Здружението на новинарите и МВР.


Момировски во одговорот на ироничен начин му сугерира на Трајковски како да ја спроведе заканата:






