„Шанса за Центар” : „Треска” тресна на Уставен

Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“, велат од Шанса за Центар.
Над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от.



Над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от

Над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от.

Над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от.

0.36 м2 зеленило по жител или ич.

Густина на изграденост со планираните висини со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост.

Уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…
На здравје нека се „наполитанките“, велат од Шанса за Центар кои споделуваат и линк за повеќе информации.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02qojoSpkTWSTNzVXaryGSSGmbeZr9aHLzaKa9rjsM4kyekyBFni74LupaRE2N9wpsl&id=100063852649372&mibextid=Nif5oz