Финансискиот и производствен центар на Кина во Шангај постепено ќе ги отвори бизнисите како што се трговските центри и фризерските салони во понеделник, по неколку недели строг локдаун поради коронавирусот.
Ова на брифингот денеска го потврди заменик-градоначалникот на градот, цитиран од Ројтерс.
Градот со 25 милиони жители е затворен повеќе од шест недели бидејќи се бори против појавата на нови случаи на Ковид-19.
Кина воведе политика на „нулта КОВИД“ која беше силно поддржана и од претседателот на земјата, Кси Џинпинг.







