„Доктрината на сталинизмот го вдахновува денес Владимир Путин. Затоа, тој се стреми да го врати руското влијание во Европа, како што беше по Втората светска војна, кога за првпат победи панславизмот, Сталин и Русите. Америка е бранителот, најдобриот модел, што треба да го следиме. Треба да бидеме благодарни за ова и да не си играме со огнот, бидејќи не сме подготвени за нова војна, особено во ова време кога панславизмот повторно ја крева главата.“ – вели аналитичарот Агрон Шаља во својата колумна со наслов „Албанците наспроти панславизмот: цели пет века чекаше мајката… еден брат-Американец го одрасна Скендербег!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Телеграфи“.
Шаља пишува: „Втората светска војна заврши со неправда: триумф на рускиот комунизам и ставање под руска контрола на многу источноевропски земји. Никој не ги пречека Русите како ослободители во Унгарија, Романија, Чехословачка, Полска или Србија. ‘Русите доаѓаат!’ – скандираа во Белград. И се знае што се случи кога Црвената армија влезе во Белград: масовни силувања на Србинките. Кога Тито му се пожали на Сталин, овој му одговори: „Млади момчиња се. Нека се забават, заслужиле.’ Од тоа време е и поговорката: ‘Јас сум те ослободил, јас сум те е’ ал!’ Но, Русија не држава, што ослободува: таа е држава која освојувањето го толкува како ослободување.“
„Русија имала намера и сè уште има намера да ги стави словенските народи под еден ‘чадор’. За да се постигне оваа цел – божем во име на заштитата на православните христијани – некогаш на Русија единствениот проблем и беше Отоманската империја. Турција и денес и е најголемиот проблем на Русија, бидејќи не е згаснат рускиот сон да ги контролира Босфорот и Дарданелите, за да се легитимира себеси како наследник на Византија и секогаш да биде фактор во светските одлучувања.“
„Не е тешко да се замисли што би се случило со Албанците, ако Стамбол би бил под руска контрола. Во ‘најдобар случај’ би биле воена сила како козаците и Татарите, кои се ‘наградени’ и се преселени на ненаселени подрачја во Русија. Зашто, Русија нема проблем како држава, ако постигне вечна покорност и послушност на другите.“
„Доктрината на сталинизмот, која бараше зависност на сите комунистички партии во светот од Комунистичката партија на СССР, го вдахновува денес Владимир Путин. Затоа, тој се стреми да го врати руското влијание во Европа, како што беше по Втората светска војна, кога за првпат победи панславизмот. Америка е бранителот, најдобриот модел, што треба да го следиме. Треба да бидеме благодарни за ова и да не си играме со огнот, бидејќи не сме подготвени за нова војна, особено во ова време кога панславизмот повторно ја крева главата.“ – заклучува Агрон Шаља во својата колумна.





