Решението на спорот меѓу Скопје и Софија е близу, смета шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, кој додава дека Европската унија се наоѓа пред голема геостратешка одлука во време кога се води војна на европско тло.
Шаленберг додава дека не може едната страна да попушти, а другата да добие.
Домаќинот на австрискиот шеф на дипломатијата, министерот Бујар Османи, уверува дека Македонија нема ништо против вметнувањето на бугарската заедница во Уставот. Запрашан во врска со една претходна изјава, Османи со одговор дека не поставил никаков ултиматум за бугарскиот Претседател, Румен Радев или ЕУ, туку само се потрудил да ја објасни фактичката состојба.
Според Османи, Договорот за добрососедство останува обврска за Македонија, независно од тоа какви ќе бидат резултатите во јуни, додавајќи дека остануваат и напорите за унапредување на правата на граѓаните кои се декларираат како Бугари.
На прашањето – дали ќе поднесе оставка доколку во јуни бугарското вето не биде повлечено, Османи на став дека тоа е гледиште на опозицијата која има две сценарија. Прво: ако процесот успее да каже „уа предавници“, а доколку не успее „уа неспособни“. Кариерата на политичарите е помалку важна отколку државните интереси, кои имаат историско значење, заклучи министерот Османи.




