Шаќири: Учебници ќе има, но рецензенти нема

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека околу учебниците веќе има конкурси за пишување учебници за следната година но нејголем проблем за МОН се рецензентите зашто или не се јавуваат или се откажуваат.



„За мене нема ништо спорно во учебниците по историја. По онаа јавна дискусија за содржинските грешки во дел од учебниците, интересот на рецензентите е никаков“, вели Шаќири во „Студио 10“ на ТВ 24.

Тој додава дека авторските тимови сега се составени од еминентни професори, но нема рецензенти кои треба да ги одобрат.

Според него, проблемот со немањето рецензенти може да се реши со законски измени и БРО да повика експерти кои ќе ги разгледуваат учебниците.

„Грешки во учебници имало отсекогаш и ќе ги има. Но, професорите и наставниците реагираат и им кажуваат на учениците во кој дел од учебникот треба да се направи измена“, вели Шаќири.