„Во недостиг на капитални проекти и инвестиции во образованието одредени градоначалници на општини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја донесоа одлуката за интонирање на химната во училиштата на нивната територија.’ – вака министерот за образование Јетон Шаќири одговори на повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да стане задолжително интонирањето на химната секој понеделник во сите училишта во земјава.“ – објави ТВ 21.
Натаму ТВ 21 пишува: Министерот Шаќири го повика Мицковски „наместо да се занимава со химната да го посоветува градоначалникот на Газибаба како да се најде решение за албанските ученици во Идризово“.„Иницијативата која започна да ја спроведува општина Гази Баба ќе ја проследам во секое училиште, за да биде оценета и од директорите на училиштата и со цел да се добие мислење и од Советот на родители. Но, го повикувам лидерот на опозицијата Мицкоски да се комуницира со градоначалникот на Газибаба да даде одговор на прашањето: зошто тој не им го овозможува уставното право на децата да учат на својот мајчин албански јазик?“ – кажа првиот човек на образованието Шаќири.
Градоначалникот на Тетово и лидер на Беса Билал Касами рече дека химната не ги одразува повеќенационалната реалност и општество во * Македонија, па поради тоа затоа не може да се изведува во општините со албанско мнозинство. „Се додека ова е реалноста… тоа значи дека или мора да се смени химната и да се почитува културната и етничката различност, или ако се донесе одлука таа да се интонира каква што е, тогаш мора да се почитува повеќенационалната припадност во државата и општеството во земјите, во општините, или месните заедници со албанско мнозинство, мора да се исполнува и албанската химна, бидејќи Албанците се втора мнозинска заедница.“ – нагласи Билал Касами.
По општина Аеродром, сега и општина Гази Баба ја изгласа одлуката наставниот процес во училиштата од оваа општина да започнува со интонирање на државната химна секој понеделник. Според општината, целта е да се создаде навика кај децата да имаат почит и љубов кон татковината уште од мала возраст.
.





