Шаќири: „На изборите нема да ја освоите пак власта – народот нема да ви прости вам, кловнови од Владата!“

„Пламен и џиновски облак чад во Тетово. Исто како и пред неколку месеци, но за среќа сега нема жртви. Пак за среќа, денес немаше експлозии, за да ги тресат прозорците и зградите до центарот. Гореше фабрика, која во магацините имала поголемо количество лесно запаливи материјали.“ – вели Агрон Шаќири од Тетово во својата објава на фејсбук, која ја пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“ под наслов „Што имате на ум вие, шегаџии-кловнови од Владата?“ 3.

Шаќири пишува: „Во меѓувреме, на 4 часа од почетокот на пожарот, лудиот директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека треба да се направи анализа, заради интервенција со хеликоптер, а премиерот и министрите-Албанците се занимаваат со војната во Украина.“

„Селото гори, бабата се чешла’. Каква идиотштина!!!“

„Секако, вие на следните избори ќе побарате и ќе добиете некој глас. Но, не толку колку што ќе ви треба, за да ја добиете власта. Ќе добиете онолку гласови колку што ќе им требаат на вашите лидери да влезат во парламентот, за да обезбедат пратенички имунитет и за да се зачувате од она што неочекувано ќе ве очекува пред врата. Но, но нема да ви биде така лесно овојпат. Залудно се надевате на прошка. НАРОДОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ПРОСТИ !!!“ – и порачува Агрон Шаќири на сегашната владејачка политичка гарнитура во Македонија.