„Поминаа речиси две години од последните избори и речиси целото наше општество доживува вистински хорор поради сегашната власт. Ја фатија државата за ‘гуша’, го узурпираа секој државен сегмент и безмилосно крадат. Во овој период немаме никакво подобрување во состојбата во живеењето.“ – вели граѓанскиот активист од Тетово Агрон Шаќири во својата колумна со наслов „Дали знаете вие кого претставувате?!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Шаќири пишува: „Напротив, видовме само влошување на условите за живот и поскапување на основните производи и горивата. Ова ќе биде трета година по ред откако поскапува струјата, што подобро докажува дека војната во Украина не е единствената причина за тоа. Овде има нешто друго.“
„Се случува масовен егзодус на граѓаните: за два-три месеци повеќе од 100 илјади граѓани, главно млади, жени, деца и стари лица избегаа од оваа мафијашка власт во потрага по подобар живот во западните држави.“
„Во ова време на криза, во ова време на егзодус на населението не може да се истолерира трошењето 100 илјади евра, пари од народот, заради лекување на инфантилните комплекси на исфрустрирани луѓе.“
„Оваа прослава на 20-те години на ДУИ е само продолжување на нивното секојдневно аздисување со нашите пари…“





