„Кризата најверојатно ќе се продлабочува уште повеќе. Ако не излеземе заедно на улица, живеењето ќе стане уште потешко, а власта и олигарсите блиски до неа ќе ни ги украдат и последните пари од џеповите.“ – вели граѓанскиот активист од Тетово Агрон Шаќири во својата објава со наслов „Народот мора самиот да ја земе во рацете својата судбина!“, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Шаќири пишува: „Гласот на народот е велат гласот на Господ! Нека го чујат добро ова локалните пучисти и мафијашките организации, кои сакаат да го уништат суверенот! Нека знаат дека кога се дига народот, паѓаат владите! Нека знаат дека народот не влегува во џеповите како парите на олигарсите!“
„Растот на цените не запира. Нафтата достигна 105 денари за еден литар, а цените на храната и на секој неопходен производ продолжуваат да растат. Огромното мнозинство граѓани секој ден стануваат се повеќе сиромашни, се повеќе ограбувани, се повеќе газени.“
„Власта од ден на ден ја докажува својата криминална неспособност во справувањето со кризата. Одредени поединци трошат милиони евра, пари на народот, а најсиромашните ги добиваат само трошките. Поголемиот дел од општеството нема корист од никакви мерки за ублажување, a палјачовците-кловновите од Владата станаа картел, кој го оправдува скандалозниот пораст на цените.“
„Кризата најверојатно ќе се продлабочува уште повеќе. Ако не излеземе заедно на улица, живеењето ќе стане уште потешко, а власта и олигарсите блиски до неа ќе ни ги украдат и последните пари од џеповите.“





