Шаиноски до лидерот на ЛДП Милевски: Трепни ако си киднапиран!!

Лидерот на ЛДП Горан Милевски доби логично прашање откако објави слика со генералниот секретар и најмоќниот човек во СДСМ Миле Зечевиќ и вицепремиерот Артан Груби од ДУИ кои одеднаш ги прикажува како свои најблиски пријатели.



Предходно Милевски никогаш јавно не ги спомнал двајцата луѓе од двете главни партии на власт како блиски.

,,После три недели битка со Ковидот и пост ковид проблемите од денес повторно се враќам на работните обврски.

Првите средби со најблиските соработници и пријатели”, напиша Милевски на фотографијата со луѓето кои никогаш предходно не ги претставил како пријатели.

Пред само дваесетина дена Милевски се закануваше дека може да ја напушти владата ако таа го прифати францускиот предлог за сега двајцата водечки луѓе на СДСМ и ДУИ да ги претставува како најблиски пријатели.

,,Трепни ако си киднапиран‼️”, му пишува на Милевски, член на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар Алмедин Шаиноски.

Тој меѓу редови прашува дали освен пријателство Милевски се наоѓа и во други видови непопуларни односи со Зечевиќ и Груби кои важат за бескурполозни при спроведување на партиските интереси на СДСМ и ДУИ.

,,Зошто си криел дека најдобри другари ти се генсекот на СДСМ и вториот човек на ДУИ. Со што те убедија да останеш во #Влада”, го прашува Шаиноски министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Милевски.