Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека прашањето за откуп на стаж и за предвремено одење во пензија воопшто не бил предмет на дебата.
Во јавноста се појавија шпакулации дека Законот со кој се предвидува обавезно заминување на мажите со 64 и на жените со 62 + 2 доколку посакаат , отвора можност и за предвремено пензионирање, со тоа што на лицата кои им недостасуваат години стаж до законски утврдените минимални 15 години, ќе можат да го откупат.
За Предлог-законот за измените на Законот за работни однси, министерката кажа дека погрешна е тезата за предвремено пензионирање.
„Ние никого не пензионираме предвремено. Ние правиме измени заедно со пратениицте, тоа пратениците го предложија секако во координација со Министерството за труд и социјална политика, Предлог-закон за измена на Законот на работни односи во кој го дефинириаме траењето на договорите за работа. Во тоа законско решение стои дека договорот за работа прекинува со наполнети 64 години возраст и 15 години стаж. Ова ги обединува како мажите така и жените, согласно уставната одредба во членот 9 дека и мажите и жените се еднакви пред законите. Не пензионирање, туку завршување на договорите за работа и тоа индиректно импутира дека сите со наполнети 64 години треба да одат во пензија. Тоа се измени на Законот за работни односи кои се во собраниска процедура“, кажа Шахпаска.





