Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпатска, вели дека ситуацијата со коронавирусот будно се следи, а одлуки ќе носат заедно со локалните самоуправи и Министерството за здравство.
„Евидентно е дека бројот последниве две недели ни се зголемува, така да за периодот од девети до 16 имаме дополнителни шест дечиња и 21 вработен позитивни, значи трендот на позитивни е како и целата епидемиолошка состојба во државата. Здравствената состојба на сите позитивни до сега е добра и немаме хоспитализација, освен две од претходно што веќе се завршени.
Во моментот имаме 309 деца во изолација и околу 50 вработени“, рече министерката Шахпаска.







