„Ангажирањето на војниците на ‘северна’ во НАТО е само помош со дополнителни трупи, заради носење вода за потребите на НАТО. Или народски кажано: ‘Магарето го канат на свадба, за да носи вода!’ Ова е мисијата на нејзините војници.“ – вели аналитичарот Медаи Шахоли во својата колумна со наслов „Колку е безбедна ‘северна’ под чадорот на НАТО?!“, која ја објавија весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик.
Шахоли пишува: „Срцето на нашата сакана ‘држава’ ‘северна’ и чука за Белград и Москва, иако со изјавите и обврските е внатре во НАТО. Неодамна од добро упатени извори е потврдено дека мрежата на српската разузнавачка агенција БИА, по распадот на поранешна Југославија, ги зачува невидливите нишки со славомакедонските разузнавачки органи, дејствува со нив и ги советува со реториката и политиката на пансловенството. Внатрешните разузнавачки агенции на НАТО имаат информации за тоа како воените аташеа од ‘северна’ во Брисел им оддавале тајни информации на Белград и Москва како патриотски служби на една невозможна пансловенска мисија. Ова братство е толку цврсто, што и самиот поранешен премиер Зајко во една пригода ги потврди нивните врски со Србите кога рече: ‘Споделуваме исти гени со браќата Срби и го признаваме српското историско наследство од Косово!’“
„Приемот на ‘северна’ во НАТО беше направен поради геостратегиски интереси на НАТО, а не затоа што ‘северна’ ги исполнила условите да стане дел од оваа Алијанса. Ова беше сторено, за да се пополни и за да се затвори една дупка на Балканот како штит наспроти празнината, создадена по членството на балканските земји во големата Северноатлантска алијанса. Ангажирањето на војниците на ‘северна’ во НАТО е само помош со дополнителни трупи заради носење вода за потребите на НАТО. Или народски кажано: ‘Магарето го канат на свадба, за да носи вода!’ Ова е мисијата на нејзините војници. Колку ќе биде заштитена ‘северна“ од српско-руското пансловенско влијание ќе зависи од подготвеноста на Владата час поскоро да стави крај на Светото православно братство и да се врати во Брисел како политичка и стратегиска ориентација за својата иднина.“ – вели Шахоли во својата колумна.





