Шахоли: „Работодавци уценуваат девојки и жени заради сексуални услуги на работните места“

„Многу валкани буржоаски работодавци и бродари, перверзни и сексуални манијаци во албанскиот свет, ги уценуваат албанските жени и девојки на работните места, заради сексуални услуги. Според нив, патот на кариерата на жените и девојките минува само низ нивните седла !!!“ – вели Медаи Шахоли во својата колумна со наслов „Патот на кариерата“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Шахоли пишува: „Оваа тема не е нова, но сега станува понагласена. Се гази достоинството на нашите ќерки, сестри, мајки и сопруги низ целиот албански простор. Но, ова е реалноста не само кај Албанците, туку и кај другите народи во регионот.“

„Млади жени и штотуку новодипломирани девојки упаѓаат во стапицата на нивните шефови и газди, за да ја задржат својата работа во замена за сексуални услуги. За ова вознемирување тие немаат кому да му се обратат, освен во полицијата, која се оглушува во однос на пријавите, велејќи дека ‘нема докази за сексуално вознемирување’ на работното место.“

„Овој тивка појава на срамот ќе продолжи да владее насекаде, каде што газдите и шефовите на бродови користат вакви неморални услуги преку уценување нови девојки и жени на работните места. Нивните сопрузи и браќа во повеќето случаи не знаат дека жените и сестрите им се уценувани за сексуални услуги, што ги вршат, за да ја задржат работата. Ова е последниот момент за да проговорат и да ги пријават нивните шефови-бродари во полицијата и во обвинителството.“