„ДУИ е обземена од страв поради јакнењето на албанската опозиција Европски сојуз за промени, бидејќи го гледа својот пораз од таа опозиција во изборните единици, каде што се избираат најмногу пратеници-Албанци.“ – вели Амир Шабани, директор на Фондот за осигурување депозити, во својата колумна со наслов „Зошто јакнењето на опозициската коалиција Европски сојуз за промени предизвикува страв кај власта?!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Шабани пишува: Коалицијата Европски сојуз за промени, составена од Демократското движење, Беса и Алтернатива, разбуди надеж како никогаш досега кај албанското бирачко тело и можност за позитивни промени во општеството. Тоа го докажуваат и граѓаните со поддршката за оваа коалиција и последователните разочарувања од власта, а сега и од симболиката на техничкиот премиер.
Нема сомневање дека ова обединување на албанската опозиција ќе влијае гласовите на Албанците да се вратат и да се консолидираат во нивниот табор. Тоа мора да се случи и ќе покаже резултати. Во принцип, тоа е она што го сакаат Албанците: обединување, кое ќе биде поддршка за професионалецот, надеж на студентот, лојална конкуренција на бизнисменот и над се период на позитивни промени во секоја област на ова општество.
Што се однесува до горчливата реалност на власта, таа е обземена од страв поради јакнењето на оваа опозиција: ДУИ го гледа својот пораз од неа во изборните единици, каде што се избираат најмногу пратеници-Албанци. Беса зајакна многу кога нејзиниот лидер го победи противкандидатот од ДУИ на локалните избори и стана надеж на граѓаните од тој крај. Беса стана најмоќна во Полог со интензивните работи и проекти, кои се реализирани и кои постојано се реализираат.
Демократско движење и Алтернатива се две други опозициски партии, кои имаат силно влијание во изборните единици 1 и 2, кои, исто така, даваат значителен број пратеници-Албанци. Консолидацијата на ваквата природа на албанската опозиција, која последователно покажува и добро распространување во областите населени со Албанци, покажува голема веројатност за избор на многу нејзини пратеници.
Надежта за Албанците од * Македонија ќе се врати со оваа коалиција, која ќе се бори против корупцијата и против бизнисите со казината, ќе ги развива економијата и животниот стандард, ќе го подобри квалитетот на образованието и ќе ја насочи земјата кон европската интеграција.





