Шабан Трстена за Костовски: Тој е пример за сите градоначалници

Поранешниот борач и еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња Шабан Трстена го пофали градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, како пример за сите останати градоначалници.



„Морам да кажам дека како најмлад градоначалник направи многу работа за само 2 години, изгради ново училиште, нова градинка за деца, многу спортски терени и сали за сите спортски таленти, додели 50 спортски стипендии од името на Општина Бутел и секако, ги асфалтира сите патишта. Сето тоа само за 2 години.

Сега ви ја прикажуваме улогата на ранецот што Дарко го носи на грб, вчера сабајле имав средба со него во неговата канцеларија во општината во 9 часот и случајно се сретнавме пред општината, точно во 9 часот .

И секако, прво се поздравивме, добро утро шампионе, добро утро легендо, но јас го прашав што имаш во тоа спортската торба. Еј, шампионе, прво одам на тренинг, секој ден по 30-40 минути.

Секој ден, утринскиот тренинг ми дава сила и волја, енергија да се соочам со 10 часа работа како градоначалник, со поголем успех да ја завршиме работата што им е потребна на нашата заедница и на луѓето. Браво Дарко, нека ова биде најдобар пример за сите градоначалници на општините, да бидат што поуспешн“, напиша Трстена.