Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките (БАН) на денешната промоција на книгата „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ го нарече македонскиот јазик „северномакедонски бугарски“!
„Тоа не значи дека ние пројавуваме територијални претензии кон една или друга земја. Впрочем, германскиот се зборува и во Германија, и во Австрија, и во Швајцарија и никој не зборува за австриски или за швајцарски јазик. Зборуваат за швајцарски германски и за австриски германски“, објасни Кочева.






