Северните Грци против името „Северна Македонија“

Резултатите од анкетата спроведена во сите префектури на источна, централна и западна Македонија (грчка „Македонија“ или Северна Грција – н.з.) околу името „Северна Македонија“, покажуваат дека 86 проценти од испитаниците се против постигнатиот договор.



Дека се работи за лош договор сметаат  86 отсто од испитаниците, наспроти 12 отсто кои сметаат дека договорот е добар, пишува „Та Неа“.

Во истата анкета, 83 проценти сметаат дека прашањето не е решено, туку договорот го оптоварува и го влошува работите.

Запрашан со кој од деловите на договорот најмногу не се согласуваат, мнозинството од испитаниците (71 отсто) велат дека им пречи на сето она што го дала владата:  името „Северна Македонија“, „македонска етничка припадност“ и „македонски“ јазик, додека само 7 отсто од анкетираните кои велат дека не им пречи.

Конечно, 87  од  испитаните (грчки –н.з.)„Македонци“, веруваат дека Грција му дала на Скопје повеќе од она што го добива, во споредба со само 2 отсто кои веруваат дека придобивките се повеќе од загубата.