Северна Кореја е подготвена да ја мобилизира својата нуклеарна моќ, тврди нејзиниот лидер Ким Џонг-ун.
Говорејќи на настанот на годишнината од Корејската војна, г-дин Ким додаде дека земјата е „целосно подготвена за каква било воена конфронтација“ со САД, објави државната новинска агенција КЦНА.
Изјавата доаѓа во услови на загриженост дека Северна Кореја би можела да подготвува седма нуклеарна проба, јавува Би-би-си.
Ким Џонг-ун одржа говор на годишнината од крајот на Корејската војна (1950-1953).
Тој исто така, рече дека војската на Јужна Кореја „ќе биде уништена“ доколку се направи обид за напад врз КНДР.
Годишнината од крајот на Корејската војна е официјален празник на Северна Кореја. Борбите на Корејскиот Полуостров започнаа на 25 јуни 1950 година и завршија на 27 јули 1953 година.







