Кошаркарите со „Северна Македонија“ на дресовите ја изненадија Италија, совладувајќи ја со 87:78 (по четвртини 20:30, 21:22, 26:13 и 20:13), па утре од 15 ч. против Естонија ќе играат за пласман на Евробаскет 2022.
За враќање на континенталните собири на избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе им треба двоцифрена победа над Естонците, од кои загубија во Скопје со 81:72.
Италијанците беа многу подобри во првата половина од натпреварот, на паузата заминувајќи со двоцифрена предност од 52:41, но во преостанатите две четвртини постиогнаа само 26 поени.
Најзаслужни за триумфот над „аѕурите“ се Ненад Димитриевиќ со 22 поени и 7 скока и резервистот Андреј Магдевски со 20 поени и реализација 7/10, од кои 4/6 за тројка.
Димитриевиќ го имаше и потегот на мечот (на линкот подолу), кога на истекот од третата четвртина погоди од својата половина:






