Претседателот Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прекршија Преспанскиот договор во делот на употребата на државното име, употребувајќи го името Македонија без додавката Северна во честитките на Твитер за ремито на фудбалската репрезентација против Англија.
Премиерот Димитар Ковачевски, пак, воопшто не го наведе името на државата, но носеше шал со натпис „Македонија“ во ложата на Националната арена „Тодор Проески“.






