Северна Грција „врие“ поради „Северна Македонија“

Претставници на грчката влада ќе допатуваат денеска во Солун на митингот замислен како поддршка на СИРИЗА и насловен  „Македонско: Придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ .



„Додека владата сé уште ги предизвикува прасположението на јавноста, тврдејќи дека постигнала добар договор за Македонците“, граѓаните на северна Грција – „вријат“ изразувајќи го секојдневно својот гнев секој ден за договорот, пишува порталот „In.gr“.

Анкетите го одразуваат незадоволството од владата на СИРИЗА-АНЕЛ, а според последното истражување во сите провинции на источна, централна и западна „Македонија“ за името „Северна Македонија“ покажува дека 86 од испитаниците го отфрлаат договорот, а на „Независни Грци“(АНЕЛ) им се заканува исчезнување од политичката сцена поради „верноста“ кон СИРИЗА.

Вчера во центарот на Солун се одржа протестен митинг против договорот од Преспа на кој демонстрантите бараа одбрана на„ хеленизмот на Македонија“.

Членовите на „Движењето шепот“ ги повикаа граѓаните „да ги земат нивните свирчиња“ и да се приклучат на контра-протест во близина на локацијата каде ќе се одржи и митингот на СИРИЗА.