Во пресрет на изборите за Европски парламент на 26 мај, градовите во северниот дел на Грција осамнаа со илјадници плакати против Преспански договор и „предавниците“.
„Време е Грците да одговорат со својот глас за продажбата на Македонија. Црно на предавниците. Ние гласаме само за патриоти“, се вели во пораката на плакатите закачени на видни и прометни места.




