Пејачката Северина Којиќ синоќа околу 21 часот го прекршила полицискиот час веозејќи го нејзиното „БМВ“ низ Белград, поради што била спроведена во полициска станица.
Српски медиуми објавија дека таа и сопругот Игор Којич се расправале, по што таа излегла на улица за време на полицискиот час.
„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, изјави пејачката по напуштањето на полициската станица.





