Мразот во Гренланд и Антарктик се топи 6 пати побрзо отколку во 1990-тите, предизвикувајќи зголемување на нивото на морето што до крајот на веков може да предизвика поплава во области каде живеат денес околу 400 милиони луѓе, предупредуваат научниците.
Топлиот бран на Арктикот од минатото лето најверојатно ќе го сруши рекордот во 2011 година за загуба на поларен мраз од 552 милијарди тони.
Зголемувањето на нивото на морињата на крајот може да биде најзастрашувачката последица од ефектите од глобалното затоплување.
„Секој сантиметар покачено ниво на море доведува до поплавување на крајбрежјето и крајбрежна ерозија, нарушувајќи го животот на планетата“, вели професорот на универзитетот Лидс, Ендру Шепард, кој ја ко-режира студијата со Ерик Иванс на НАСА.
„Доколку Антарктикот и Гренланд продолжат да ги следат најлошите сценарија од затоплување на климата, тие ќе доведат до дополнителни 17 сантиметри покачување на нивото на морето до крајот на векот“, се вели во изјавата.






