Поранешната медицинска сестра од Онкологија, која била пријавена за две кражби на цитостатици на Клиниката за Онкологија (еднаш во 2020 година и еднаш во 2023 година) врши притисок преку пораки врз новинарка на „Слободен печат“ да не објавува повеќе за нејзиниот случај.



Медицинската сестра фатена 2 пати во кражба на Онкологија добила отказ во март

Таа ја обвинува новинарката Мирослава Симоновска за психолошка тортура и врши притисок во иднина да се внимава како и што се објавува., пишува „Слободен печат“ .

Порталот потсетува дека и двете пријави за сестрата немаат судска завршница, „Слободен печат“ прв ја објави приказната и за неа пишуваше шест месеци пред предистражната истражната постапка на Обвинителството.

Според „Слободен печат“ , на медицинската сестра ѝ било понудено да даде нејзиното видување на настаните меѓутоа таа не се согласила.

Порталот потсетува дека медицинската сестра била фатена со цитостатици во нејзиниот автомобил, а откако била вратена на Онкологија, таа вршела психички притисок и врз двете колешки кои што во 2020 година ги виделе ампулите цитостатици во нејзината ташна…