Сервер: Нова граница за Косово носи нестабилност и во Македонија

Доколку дојде до промена на границите на Косово ќе се отвори Пандорината кутија на Западен Балкан, но и во други држави, изјавил професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Даниел Сервер за белградската регионална телевизија Н1.



“Менувањето на границите би довело до нестабилност во Македонија и во Босна и Херцеговина, но и во други држави во светот, на пример во Украина и во Грузија. САД и ЕУ имаат добар став за прашањето на промена на границите: САД се за целовитост на државите и за неменување на границите”, смета Сервер.

Според него, доколку Србија и Косово сакаат да бидат демократски држави и членки на ЕУ, нема причина зошто „малцинските заедници не би останале онаму каде што се – во постоечките граници.

Во врска со изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека новата администрација во Вашингтон го менува ставот кон Србија и Косово, Сервер истакна дека нема промена во американскиот став и дека САД внимателно ги слушаат ставовите и на Белград и наПриштина.

“Шпекулациите за евентуална поделба на Косово не привлекоа премногу внимание во Вашингтон”, изјавил Сервер.