Грчката страна има сериозни забелешки за најмалку двајца членови на македонскиот дел од мешовитата грчко – македонска комисија за историја и образование која викендов ја заврши својата најнова сесија.
Грчките претставници во својот извештај за работата кој ќе биде испратен до владата во Атина ќе побараат властите во Скопје да интервенираат кај македонските членови да бидат конструктивни и да го следат духот на Преспанскиот договор со кој според нив Македонија се откажала од присвојување на грчката историја.
Извори на expres.mk во Атина блиски на комисијата велат дека забелешки има за повеќе македонски членови на комисијата но дека за двајца постои сомневање дека намерно го кочат процесот.
Изворите во Атина велат дека на крајот на последната сесија не биле донесени заеднички заклучоци за темите за кои се расправало затоа што имало преголеми разлики во ставовите на членовите на комисијата кои не можеле да бидат надминати ниту по консултации со политички претставници.
Одбивањето на “скопската страна” да го почитува договорот од Преспа во историските и образовните прашања ќе биде на штета на Скопје затоа што “без промена на односот кон елинската историја од северниот сосед тој не може да продолжи напред кон ЕУ и НАТО”, е предупредувањето од Атина во врска со комисијата.
Мешовитата комисија е составен и важен дел на Преспанскиот договор и Северна Македонија се лаже ако мисли дека таа може да продолжи да ја присвојува грчката иаторија и култура како што тоа го правеше со децении, гласи заканата од Атина.
Членовите на македонската комисија и македонското МНР молчат за работата и конфликтот во комисијата, најверојатно во очекување на сугестии од страна на Владата во Скопје.
Поглавјето за античка Македонија ќе стане дел од грчката цивилизација




