Гледачите се одушевени од серијата „Чернобил“ на “HBO“, која ги прикажува настаните и последиците од катастрофата на нуклеарната централа Чернобил во април 1986 година, но има и грешки или аспекти за тоа како се одвива приказната за да се додаде драма во приказната.
На некои од нив укажува Џим Смит, професор по природни науки, од Универзитет во Портсмут.
– Доцната реакција од властите значеше дека граѓаните на Припјат биле на отворено по несреќата, а некои од нив отишле на таканаречениот „мост на смртта“ близу фабриката за да го следат пожарот. Но, не постојат докази дека сите луѓе што биле на мостот умреле и не постојат докази дека радијацијата таму била толку опасна.
– Во просек, жителите на Припјат добиле просечна доза од 30 милисиверти (mSV), приближно исто колку три CT-скенирања на целото тело, поради задоцнетото предупредување за опасноста. Во серијата, на една сцена во локалната болница се прикажани деца што страдаат од болест од зрачењето. Експертите потврдиле 134 случаи на болести од зрачењето кај пожарникарите и операторите на централата, но ниту еден од нив не бил од цивилите на Припјат.
-Во емоционална сцена со бремената сопруга на пожарникарот која го посетува сопругот кој страда од синдром на акутно зрачење во московската болница број 6. Ова навистина се случило и е едно од искуствата од прва рака, што серијата ги извлекува од „Гласовите на Чернобил“ од белоруската новинарка и добитничка на Нобеловата награда, Светлана Алексеевиќ.
Но, драмата имплицира дека бебето апсорбирало толку високи дози на зрачење од сопругот, што подоцна починало. Американски лекар, кој помогнал во лекувањето на работниците од реакторот и пожарникарите, вели дека пациентите не биле под значителен ризик од радијација од посетителите.
– Стравот од нуклеарна експлозија во опсег од два до четири мегатони, поради експлозија на јадрото, што како што се тврдеше во серијата ќе го уништи блискиот град Киев и ќе ги направи големите области на Европа непогодни за живот, се покажал како погрешен. Нуклеарните централи не експлодираат како нуклеарни бомби.
–На крајот од серијата, тврдењата за последиците прикажани на екранот имплицираат дека не биле направени истражувања над стотици илјади ликвидатори што чистеле по несреќата. Всушност, имало многу истражувања за оваа група, и тие се покажале неубедливи во врска со тоа дали имало зголемување на ракот. Веројатно тие доживеале зголемен ризик за рак, но ова било многу мало во споредба со други ризици за здравјето со кои се соочувале и продолжуваат да се соочуваат, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, пушење и – генерален проблем низ поранешните советски земји, прекумерното консумирање алкохол.
-Научниците излегуваат како херои во серијата. Додека навистина постојат безброј херои, вклучувајќи ги научниците, по Чернобил, на крајот, советската научна заедница и нејзиниот политички систем биле одговорни за дизајнерските недостатоци на реакторот, недостигот на културата на безбедност и непростливиот недостиг на подготвеност за ваква несреќа.
Важно е да се знае дека „Чернобил“ е неверојатна серија, а реконструкцијата на настаните пред и за време на несреќата е извонредна.
Но, треба да се запомни дека станува збор за драма, а не за документарен филм.
Извор: Факултети.мк





