Италијанската Серија А на својот официјален профил на Твитер му посвети твит на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, во кој ги наброи сите негови клупски успеси.



„Постојан протагонист во Серија А во последните две децении. Кариерата на Горан Пандев зборува сама за себе“, стои во објавата, во која се наведени 12. титули на македонскиот фудбалски великан: 5 во Купот на Италија (по две со Интер и со Наполи и една со Лацио), 2 во Суперкупот на Италија (по еден со Лацио и со Интер) и по една во Серија А (со Интер), во Лигата на шампионите (со Интер), на Светското клупско првенство (со Интер), во Суперлигата на Турција (со Галатасарај) и во Купот на Турција (со Галатасарај).