Околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6.8% со септемвриската пензија, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Или низ бројки: Ако просечна пензија во јули 2022 година изнесуваше 16.348 денари, со усогласувањето од 6,8% во септември 2022 година ќе изнесува 17.422 денари односно 1.074 денари повеќе.
Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември.






