Септември 2020 година беше најтопол месец од почетокот на мерењето на температурите во 1880 година, објави Управата за океани и атмосфера на САД.



Просечната температура над копното и површината на океанот била за 0,97 степени повисока од просекот на 20 век, или – 15,97 Целзиусови степени.

Така, септември 2020 година ги надмина претходните рекордни месеци од 2015 и 2016 година за 0,2 степени, јавува Асошиетед прес.

Особено беше топло во земјите од Европа, Азија и Јужна Америка.

Европската служба за следење на климатските промени Коперникус исто така објави дека минатиот месец беше најтоплиот септември откако започна да мери глобална температура во 1979 година.