Сепак ќе има гас за парно, обезбеден е до крајот на ноември

Топлана Скопје Север

Обезбедени се потребните количини на гас за покривање на потребите од Гас до крајот на ноември, соопшти ЕСМ. Државната компанија купила енергенс од Макпетрол по цена од 1.235 евра за 1.000 нм3.



Од компанијата најавуваат дека ќе продолжат стратегијата да вршат набавки за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот, пренесува Телма.

„Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање“, велат од ЕСМ.

Топлана Скопје Север